ортугалците спортски го признаа поразот во Битола, кој дојде како плод на одличното второ поллувреме на момците на Жељко Бабиќ (31-25). На прес-конференцијата по натпреварот во Битола зборуваа голманот Матевж Скок и тренерот Рикардо Коста.
Рикардо Коста
(тренер на Спортинг Лисабон)
Потфрливме во последните пет и првите пет минути од второто полувреме. Евидентно беше дека не беа истите амбиентални услови и судии како во Лисабон. Жалам што не победивме на првиот натпревар, тука беше невозможно да се дојде до бодови. Не би сакал да ги коментирам судиите и сакам да се осврнеме на она што ни следи.
Матевж Скок
(ракометар на Спортинг Лисабон)
Еурофарм Пелистер заслужи да победи и им честитам на домашните ракометари. Одиграа доста тактички зрело. Знаеа точно што треба да прават. Ние додека бевме во систем, игравме егал, но паднавме и тоа ривалот го искористи, па го сврте резултатот. Се обидов да им кажам на играчите како е кога се игра во Македонија, каква е атмосферата и какво е судењето. Ја загубивме главата. Еурофарм Пелистер беше максимално дисциплиниран и честитки, ние го ставаме фокусот понатаму во групната фаза.
Во следното седмо коло Еурофарм Пелистер ќе игра на гостински терен во Франција против Ним на 15 февруари 2022 година, а истиот ден Спортинг гостува кај Кадетен Шафхаузен.