Минатата сезона Еурофарм Пелистер на зимска пауза замина со само три бода од пет европски натпревари и мораше да се вади на пролетните натпревари за да ја осигура нокаут фазата. Сезонава екипата на Жељко Бабиќ созреа и со пет последователни натпревари со бодови дојде до второто место во групата и го заборави стартниот пораз од Ним.
Серијата на позитивни резултати на Еурофарм Пелистер:
Кадетен Шафхаузен - Еурофарм Пелистер 28-28
АЕК Атина - Еурофарм Пелистер 27-30
Еурофарм Пелистер - Татабања 33-20
Спортинг Лисабон - Еурофарм Пелистер 27-27
Еурофарм Пелистер - Спортинг Лисабон 31-25
Напролет следуваат уште четири натпревари, против АЕК Атина и Кадетен Шафхаузен во Битола и гостувања во Ним и Татабања.