Еурофарм Пелистер продолжи со одличните игри во Европската лига на ЕХФ, откако во распродадената сала „Боро Чурлевски“ во Битола стигна до голема 31-25 (14-13) победа над Спортинг Лисабон, за да го поминат португалскиот клубн а второто место во групата Д, зад фаворитите Ним.
По ремито на гости во Португалија, тимот на Жељко Бабиќ беше мотивиран да стигне до победа на домашен терен и во второто полувреме успеаја да го надиграат противникот за трета победа во шест кола во Европската лига.
„Честитки до моите ракометари за начинот на кој го одиграа овој натпревар, како и до противникот за големата борба на овие два натпревари. Мислам дека со она што го прикажавме во изминатиот период Еурофарм Пелистер покажа дека е сериозна екипа. Пет натпревари без пораз во Европа, тоа не е мала работа и сигурно ќе ни биде мотив за уште подобри игри во иднина. Уште еднаш – големи честитки до моите играчи за прикажаното и за заслужената победа. На гостите од Португалија им посакувам среќни Божиќни празници“, смета Бабиќ.
Хрватскиот тренер во историјата на Еурофарм Пелистер како единствен тренер кој освоил бодови на пет последователни натпревари во групна фаза на европско клупско натпреварување.