Ракомет – Суперлига (13. коло)
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 29-21 (12-11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа четвртиот пораз во сезоната, откако попладнево во Скопје загубија од третопласираниот Бутел Скопје со 29-21.
Во текот на сите шеесет минути домашната екипа водеше, а битолчани постојано го ловеа водството на противникот. Мајиќ и Младеновски донесоа +3 во 25. минута, а по реакцијата на пелистерци на одмор се замина со 12-11.
Сепак, момците на Грчевски направија серија на почетокот од вториот дел, Чаневски и одбраната делуваа стабилно и Бутел Скопје лесно стигна до победа од 29-21.
Спортска сала – Бутел, Скопје
Гледачи: 200
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Бутел Скопје:
Чаневски 1, Андреески, Младеновски 6, Стојановски, Ѓеорѓиевски 1, Митев, Спасовски, Мојсоски, Спасовски 4, Пуљизович, Блажевски, Јевтиќ 4, Василевски 2, Мајиќ 8, Тот 3, Давитковски,
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Јовановски, Ристевски, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 2, Петровиќ 7, Димитриоски 2, И. Димитровски, Талевски 2, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски 4, Ѓукиќ 1, Блажевски, Арсеновски 3
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 10 минути
Во следното 14. коло Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен се среќава со Металург.