Ракомет – Суперлига (13. коло)
Еурофарм Пелистер – Тиквеш 25-16 (15-5)
Еурофарм Пелистер ја продолжи серијата победи и лесно го совлада Тиквеш со 25-16 (15-5), во дуел од 13. коло на Суперлигата, игран во спортската сала „Боро Чурлевски“. Од самиот старт момците на Бабиќ „нагазија“ и дојдоа до 9-3. Андоновски повика тајм-аут, но битолчани целосно доминираа со цврстата одбрана и со лесни голови на Костески на одмор заминаа со високи 15-5.
Во вториот дел шанса добија Кукуловски, Кизиќ, Танкоски, но разликата се зголеми до највисоки +13. Следеше реакција на Дрогришки, негови пет гола и ублажување на поразот на 25-16.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 4, Ојлески 2, Маџовски 1, Велковски, Кукуловски 1, Мандалиниќ 1, Танкоски 1, Периќ, Костески 8, Кукоски, Божиќ Павлетиќ, Обрадовиќ 1, Табоада 3, Граџан 3
Седмерци: /
Исклучување: /
Тиквеш:
Стојаноски, Велков, Гичев, Трајковски, Лазов, Дрогришки 5, Темелковски 1, Стефановиќ 2, Соколов, Гошевски 1, Кондев, Окардов 1, Коцев 1, Симиќ, Јанчев 2, Трпчевски 3
Седмерци: /
Исклучување: /
Ненад Костески ги предводеше стрелците со осум гола за Еурофарм Пелистер, додека кај Тиквеш најефикасен беше Дрогришки со пет погодоци, сите пет постигнати во последните петнаесетина минути од мечот.
Во следното 14. коло Еурофарм Пелистер гостува против екипата на Струга.