Селекторот на црногоската репрезентација Зоран Рогановиќ го соопшти списокот за Европското првенство во Унгарија и Словачка 2022 година.
Црногорците се дел од групата во која се уште Македонија, Словенија и Данска. Две најдобри селекции ќе ги продолжат натпреварите во следната фаза.
На списокот на Рогановиќ повикан е и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ. Црногорците ќе ги започнат подготовките во последната недела од декември.