Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Ивица Обрван го објави поширокиот список на репрезентативци за Европското првенство во Унгарија и Словачка, од 13 до 30 јануари 2022 година.
На списокот од 35 години се најдоа и двајцата ракометари на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ и Елмир Граџан. Подготовките за Европското првенство Босна и Херцеговина ќе ги започне за петнаесеттина дена.
Репрезентацијата на БиХ на континенталниот собир ќе биде дел од групата Е, заедно со Шпанија, Шведска и Чешка.