Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го одреди списокот на репрезентативци за подготовките за Европското првенство во Унгарија и Словачка. На поширокиот список од 35 имиња се наоѓаат шест ракометари на Еурофарм Пелистер и два на Еурофарм Пелистер 2.
Повикани ракометари од Еурофарм Пелистер:
Марко Кизиќ
Бојан Маџовски
Ненад Костески
Никола Маркоски
Мартин Велковски
Гоце Ојлески
Повикани ракометари на Еурофарм Пелистер 2:
Благојче Трајкоски
Цветан Кузманоски
Согласно регулативата на ЕХФ за заштита и превенција од ковид-19 за учество на шампионатот, Емилијан Ѓорговски, Павле и Петар Атанасијевиќ беа предвидени во списокот, но не ги исполнуваат условите за натпреварување.
Репрезентативците ќе се соберат по завршувањето на есенскиот дел на Суперлигата, во последната недела од декември.
Македонија е во група A заедно со репрезентациите на Словенија, Данска и Црна Гора. Натпреварите од групата ќе се одиграат во „Фоникс Арена“ во Дебрецен, Унгарија.