Селекторот на хрватската репрезентација Хрвоје Хорват го соопшти списокот на ракометари на кои смета за Европското првенство во Словачка и Унгарија во јануари 2022 година. На основниот список од дваесет имиња се наоѓаат и двајца ракометари на Еурофарм Пелистер.
Матео Мараш и Јосип Божиќ Павлетиќ ќе ја имаат честа за играат за својот национален тим. Најдобрите хрватски ракометари
ќе се соберат на 19 декември.
Европското првенство ќе се одржи од 13-30 јануари. Хрватска ќе биде дел од групата Ц, заедно со Србија, Украина и Франција.