Еурофарм Пелистер одигра речиси без грешка и убедливо ја оправда фаворитската улога против Татабања, победувајќи ја со 33-20. По натпреварот Жељко Бабиќ изрази задоволство од нивото на игра кое го прикажаа неговите ракометари на оваа средба.
„Сакам да изразам сочувство за сите погодени од несреќата која ѝ се случи на Македонија. Вечерва добро ги искористивме сите нивни проблеми. Тие беа уморни и се покажа дека тоа влијаеше на нивниот настап. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи на одличниот ангажман и желба. Одиграа на неверојатно ниво и на крај мислам дека победивме повеќе од тоа што очекувавме“, смета хрватскиот стручњак.
Со пет освоени бода Еурофарм Пелистер го дели второто место во групата Д на ЕХФ Лига Европа со француски Ним. Подобар старт од битолчани има само Спортинг кој освои шест бода почетири кола.