Еурофарм Пелистер ја запиша втората победа сезонава во групната фаза од ЕХФ Лига Европа, прва на домашен терен.
Битолчани убедливо славеа во салата „Боро Чурлевски“ пред своите верни навивачи и така најавија дека имаат големи амбиции да се најдат во следната фаза. На прес-конференцијата импресиите од соблекувалната ги сподели Јосип Божиќ Павлетиќ.
„Во името на цела екипа би сакал да изразам сочувство до семејствата на трагично загинатите. Ова е тежок ден за Македонија. Одигравме перфектен натпревар, од почеток до крај бевме максимално концетрирани. Бевме одлично подготвени, ги знаевме и ги искористивме сите слабости на противникот. Мило ни што остваривме ваква победа за нашите навивачи“, смета десното крило.
Во следното петто коло Еурофарм Пелистер за седум дена гостува против Спортинг во Лисабон.