Еурофарм Пелистер - Татабања 33-20 (17-9)
По победата во Атина, Еурофарм Пелистер ја запиша и првата домашна радост во ЕХФ Лига Европа. Ракометна Битола повторно е во еуфорија по убедливото издание и победата од 33-20 против Татабања. Само во првите неколку минути гостите од Унгарија даваа отпор кога беше 5-5, а потоа следува шоуто на Пелистер. Со серија од 6-1, битолчани поведоа со 11-6, а до полувреме, предноста ја зголемија на осум разлика (17-9).
Домаќините не попуштија во темпото ниту во вториот дел, па во еден момент имаа водство од 15 разлика (26-11), а на крајот гостите намалија само два гола од највосиката предност и си заминаа посрамени од Битола.
Кај стрелците со шест погодоци прв стрелец беше Мараш, по пет имаат Периќ и Табоада, а на спротивната страна шест голови беа дело на Хорњак. По натпреварот играчите на Пелистер не ја заборавија и страшната сообраќајна несреќа која денеска се случи во Бугарија, а во која загинаа 46 луѓе.