b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_11_ојлески_изјава_21.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре го играат натпреварот од четвртата рунда во Лигата на Европа.

Во Битола доаѓа незгодната унгарска екипа Татабања, а капитенот Гоце Ојлески вели дека формата на тимот е во нагорна линија и се надева на втор европски триумф. По победата над АЕК, македонскиот вицешампион се надева и на домашна радост.

„Добро се познаваме со Татабања, минатата сезона одигравме неколку натпревари. Со доаѓањето на Ѓукиќ во тимот владее позитивна енергија, играат подобро од претходните и тоа е голем плус за нив. Убаво е кога се победува, особено на гостински терен. Нашата форма оди во нагорна линија, одлично се подготвуваме, играме добро и нема зошто да не веруваме дека ќе победиме на овој меч. Свесни сме дека нè очекува тврд и тежок натпревар, против цврста екипа со добри голмани, но пак ќе речам сите веруваме во победа“, смета Ојлески.

Минатата сезона во истото натпреварување Еурофарм Пелистер запиша двге домашни победи против унгарскиот претставник. Во меѓувреме годинава Владан Матиќ беше сменет по седум успешни години на кормилото на клубот.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723