Ракомет – Суперлига (11. коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 28-28 (13-12)
Во натпревар во кој двете екипи имаа свои периоди, Еурофарм Пелистер 2 и Охрид одиграа 28-28 (13-12) во дуел од 11. коло на Суперлигата. Момците на Александар Јовиќ се спасуваа од пораз, бидејќи Ѓукиќ од седмерец на десет секунди до крајот погоди за нерешен исход.
Во првиот дел пелистерци почесто водеа, а неколку пати имаа и +3. Трајкоски беше одличен на голот, но Шилегов ги одржуваше охриѓани во игра. Сепак, во вториот дел се разбрани Брауновиќ, одбрани седмерци и зицери и благодарение на одбраната од 50. минута домаќините го презедоа водството. Следуваше конфузен финиш и голови на Павле Атанасијевиќ и Милан Ѓукиќ за реми исход.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 4, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 7, В. Димитровски, Петровиќ 3, Димитриоски 1, И. Димитровски, Талевски 3, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски 2, Ѓукиќ 4. Блажевски, Арсеновски 4
Седмерци: 8/6
Исклучувања: 8 минути
Охрид:
Брауновиќ, Ковачески, Андоноски 5, Кривокапиќ, Костов, Николов 2, Шилегов 14, Младеновиќ 2, Тасески 1, Грубор 2, Манасков 1, Ристески, Додиќ 1, Димитриески, Милошевиќ,
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути
Во следното 12. коло се игра второто градско дерби оваа сезона помеѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.