Еурофарм Пелистер ја запиша шестата последователна победа, деветта во десет дуели од Суперлигата, откако попладнево полесно од предвиденото го надигра Пролет во Битола со 38-22 (21-7). Дуелот го следеа 500 гледачи и можеа целосно да уживаат во одличното издание на момците на Жељко Бабиќ. Битолчани отворија со 7-0, половина полувреме не примија гол од игра и во раната фаза во решија прашањето на победникот.
На полувреме резултатот гласеше 21-7, па домашниот стручен штаб целосно ја изротира седморката. Шанса добија Ојлески, Табоада, Танкоски и целосно ја искористија. Финалните 38-22 се една од најубедливите победи за Еурофарм Пелистер оваа есен.
Ракомет – Суперлига (десетто коло)
Еурофарм Пелистер – Пролет 38-22 (21-7)
Спортска сала: „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 3, Ојлески 5, Маркоски 2, Маџовски 2, Мандалиниќ 2, Танкоски 2, Периќ 1, Костески 6, Кукоски, Велковски 1, Божиќ Павлетиќ 4, Граџан 3, Обрадовиќ 2, Табоада 5
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 2 минути
Пролет:
Петковски, Цветковски, Аларов 5, Тотиќ, Пецаковски 3, Додевски 3, Димов, Андоновски, Џонов 1, Мајнов 6, Крстески 1, Димковски 1, Голубовиќ 1, Фичорски, Палевски, Пејовиќ 1
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 2 минути
За време на викендот Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Јуниор Кисела Вода во рамките од првото коло на Купот на Македонија. В понеделник момците на Бабиќ патуваат во Грција на дуел со АЕК Атина во рамките од третото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа.