Поголемата победа над Вардар 1961, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 извојува уште еден значаен триумф. На незгодното гостување во СРЦ „25 мај“ славеа против домашниот Радовиш со 24-29 (14-13). По враќањето на клупскиот ракомет по ЕХФ неделата, битолчани одиграа одлично второ полувреме и водени од бековите Павле Атанасијевиќ и Павле Петровиќ го свртеа негативноот резултат од првиот дел.
Спортска сала: СРЦ „25 мај“ - Радовиш
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Андоновски
Суперлига (десетто коло)
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 24-29 (14-13)
Радовиш:
Паунов, Стојановски 4, Марков, Долдуров, Ѓорѓиев, Постолов 3, Спасов, Мицов, Ристев, Мицев, Органџиев 3, Ристов, Трајанов 5, Вујниќ 5, Костадинов, Трајчевски 4
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 12 минути
Еурофарм Пелистер:
Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 5, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 7, В. Димитровски, Петровиќ 7, Димитриоски 3, И. Димитровски, Талевски. Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски 1, Белистојановски 2, Ѓукиќ 1, Блажевски, Арсеновски 3
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 10 минути
Во следното единаесетто коло Еурофарм Пелистер 2 го пречекува Охрид, а викендов ќе дебитира во Купот на Македонија против Металург 2.