Идната недела продолжуваат натпреварите од групната фаза на ЕХФ Лига Европа. В понеделник експедицијата на Еурофарм Пелистер патува за Грција, каде во вторник попладне од 18:45 часот ќе се сретне со АЕК Атина во рамките од третото коло на групата Д.
Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за грчко-македонскиот дуел. Француските судии Пишон и Ревеје ќе ја делат правдата, а делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.
По првите две кола АЕК Атина има две победи, а Еурофарм Пелистер освои еден бод и запиша еден пораз.