Еурофарм Пелистер 2 дојде до победа од 27-26 против шампионот Вардар во деветтото коло од Супер машката лига откако одигра неверојатно. Момците се надминаа, прикажаа ракомет каков ретко се гледа од млад состав и докажаа уште еднаш дека се одличен противник за секого.
По натпреварот тренерот Јовиќ ги пофали ракометарите и битолската публика.
„Приредивме сензација. Вардар во Битола дојде ослабен денес, без неколку стандардни првотимци, но нашата екипа одигра феноменално, борбено и одлично во сите сегменти. Заслужено победивме, бидејќи водевме целиот натпревар. Ова е голема победа за овие млади играчи да ја кренат самодовербата. Мора да веруваат во себе, тие имаат голем потенцијал и како поединци и тимски.
Што се однесува до публиката, горд сум на тоа што го видов и благодарен на цела битолска јавност и на „Чкембарите“ што дадоа огромна поддршка“, рече Јовиќ.
Кога најмалку се очекуваше Еурофарм Пелистер 2 ја прекина серијата од два натпревари без победа и пак се искачи на самиот врв на табелата, на четвртото место зад Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и Пролет.