Ракомет – Суперлига (деветто коло)
Еурофарм Пелистер 2 - Вардар 1961 27-26 (14-11)
Првакот Вардар доживеа тежок удар од составот на Еурофарм Пелистер 2 откако вториот тим на битолчани на домашен терен славеше против вардарци со 27-26. Во игра со контролирање на водството од почеток до крај победата за домашните беше потполно заслужена.
Битолчани изнанадувањето на колото го најавија во првото полувреме кое го завршија со предност од 14-11, а поттикнати од 2.000 публика, на крајот успеаја да слават со 27-26. Во тимот на домашните имаше подеднакво залагање на натпреварот и успехот е заеднички, а статистички, најефикасен беше Атанасијевиќ кој постигна седум голови, додека кај гостите од Скопје најефикасен беше Георгиевски кој постига шест голови.
Големото спортско изненадување на колото, публиката го поздрави со долготраен аплауз во кој освен ракометарите свој придонес.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 2.000
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески (Прилеп-
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Јовановски, Ристевски, Кузманоски 4, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Петровиќ 4, Андонов, Димитриоски 3, Димитровски, Талевски 1, Пет, Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 1, М. Ѓукиќ 2, Блажевски, Арсеновски 3
Седмерци: 7/3
Исклучувања: 12 минути
Вардар 1961:
Томовски, Ристовски, Стоилов 1, О. Њокас 1, Моралес 4, Георгиевски 6, Карапалевски 2, Савревски, Тото 6, Гаџа 1, Талески 2, Крстевски, Д. Ѓукиќ 3, Атанасовски, Ќосевски, Мишевски
Седмерци: 6/4
Искчлучувања: 12 минути
Следува репрезентативна пауза, а потоа гостување на тимот на Еурофарм Пелистер 2 во Радовиш.