Лесна гостинска победа и продолжување на серијата успеси во салата „Автокоманда“ за ракометарите на Еурофарм Пелистер. Во првиот натпревар од деветтото коло на Суперлигата, екипата на Жељко Бабиќ го совлада Металург на гостински терен со високи тринаесет разлика.
Натпреварот беше целосно нерамноправен. Битолчани брзо се одлепија на +7, а на полувреме имаа предност од десет разлика. Бабиќ им даде доверба на сите ракометари и сите освен Кукоски се запишаа во листата на стрелците.
Победата од 25-38 е најубедлива на гостински терен против Металург во последните неколку години.
Ракомет – Суперлига (деветто коло)
Металург – Еурофарм Пелистер 25-38 (11-21)
Спортска сала „Автокоманда“
Гледачи: 300
Судии:Исмаил Металари и Ненад Николовски
Металург:
Дупјачанец, Брестовац, Бардакоски, Петров 1, Петковски. Субашевски, Хорват 7, Улисес 3, Лазаревски 2, Озтурк 9, Митиќ 1, Каковски 2, В. Маркоски
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Ивановски, Мараш 2, Ојлески 2, Н. Маркоски 5, Маџовски 5, Кукуловски 2, Танкоски 3, Периќ 1, Костески 3, Кукоски, Велковски 2, Божиќ Павлетиќ 5, Граџан 3. Обрадовиќ 2, Табоада 3
Седмерци: 1/0
Исклучување: 4 минути
Следи репрезентативна пауза, а за петнаесет дена, во десеттото коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека Пролет во спортската сала „Боро Чурлевски“.