Еурофарм Пелистер - Ним 21-26 (6-15)
Македонскиот претставник во ЕХФ Лига Европа, ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз стартуваа групата Д. Битолчани на домашен терен загубија од францускиот Ним со 21-26.
Брзоплетите грешки и многуте промашени шанси беа причината за поразот на тимот на Жељко Бабиќ. Посебно не функционираше бековската линија во првото полувреме која промашуваше од напад во напад, а расположен беше само Мандалиниќ. Пелистерци во првото полувреме постигнаа само шест гола и тоа беше фатално.
Второто полувреме започне со мини серија од 3-0 на битолчани, но Ним возвраќа со своја серија од 0-4 и во 41. минута за првпат разликата беше двоцифрена. Битолчани во финишот го искористија опуштањето на противникот и успеаја да избегнат убедлив пораз, на крајот се поразени со четири гола разлика, 21-26.
Во таборот на Ним блескаше голманот Дебоне, кој имаше тринаесет успешни интервенции, но и три постинати гола од својот шестерец. Во екипата на Еурофарм најефикасни во денешниот пораз беа Мандалиниќ со седум и Граџан со пет погодоци.