Ракометарите на Тиквеш ја прекинаа серијата од пет победи на Еурофарм Пелистер 2 и славеа во Битола со 24-26. Тимот на Андоновски водеше во текот на сите шеесет минути, а домаќинот беше брозплет, грешеше и никако не успеа да влезе во ритам.
Расположениот Стојаноски на голот, како и одличните Симиќ и Трпчевски беа клучот на гостинската победа.
Ракомет – Суперлига (седмо коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 24-26 (12-14)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Скопје)
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Јовановски, Кузманоски 5, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 2, В. Димитровски 2, Петровиќ 3, Андонов, Димитриоски 1, И. Димитровски, Талевски 3, Пет. Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 1, Ѓукиќ 4, Блажевски
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 10 минути
Тиквеш:
Стојаноски 2, Велков, Кондев 1, Лазов, Дрогришки 2, Стефановиќ 3, Гичев, Коцев, Соколов, Темелкоски 5, Гоцевски 1, Трпчевски 5, Окардов, Симиќ 7, Трајковски, Јанчев
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 14 минути
Пред овој пораз, екипата на Еурофарм Пелистер имаше пет победи по ред и само еден неуспех во првото коло против Еурофарм Пелистер.