Ракомет – Суперлига (седмо коло)
Еурофарм Пелистер – Скопје 2020 38-12 (17-5)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа од 38-12 (17-5) против Скопје 2020 во натпревар од седмото коло на Суперлигата.
Од почеток на средбата се виде како ќе се одвиваат работите така што во ниту еден момент немаше неизвесност која би најавила поинтересен тек на овој дуел. Гостите од Скопје тешко се снаоѓаа така што домашниот тим успеа да се избори уште рано за високо водство. Сите ракометари на Бабиќ се запишаа меѓу стрелците, а единствен кој доби слободен ден беше капитенот Јосип Периќ.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви (Скопје)
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески 2, Маркоски 1, Маџовски 1, Кукуловски 3, Мандалиниќ 4, Радовиќ 1, Танкоски 2, Костески 3, Велковски 4, Божиќ Павлетиќ 7, Граџан 1, Обрадовиќ 4, Табоада 3
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути
Скопје 2020:
Стојкоски, Ф. Василевски 3, Мишевски 1, Чакалиќ 1, Тркалески, А. Василевски 1, Петковски, Пешкирски, Грујовски 2, Пешевски 1, Димчевски 1, Стојановски, Киселовски 1, Блажевски, Калајџиски 1
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 10 минути
По осум месеци се враќа европскиот ракомет во Битола и во вторник во рамките од групата Д на ЕХФ ЛИга Европа во Битола гостува францускиот прволигаш Ним.