Еурофарм Пелистер победи во Охрид со 25-27 (15-14), на дерби дуелот од шестото коло на македонската Суперлига.
Домаќините покажаа зошто котираат високо во досегашниот тек на шампионатот и досега имаа ист ефект со битолчани, па во првото полувреме имаа водство и на пауза заминаа со предност 15-14. Сепак, цврстата одбрана, интервенциите на Кизиќ и головите на Периќ, Мандалиниќ и Табоада ги донесоа работите на свое место.
Ракомет – Суперлига (шесто коло)
Охрид – Еурофарм Пелистер 25-27 (15-14)
Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид
Гледачи: 500
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)
Охрид:
Брауновиќ, Ковачески, Андоновски 2, Кривокапиќ, Николов 2, Шилегов 6, Младеновиќ 2, Тасески 1, Грубор, Манасков 4, Ивановски, Ристески, Додиќ 6, Димитриески, Милошевиќ 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 5, Маркоски 1, Маџовски 1, Ојлески, Кукуловски, Мандалиниќ 4, Периќ 7, Танкоски, Костески, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 2, Граџан 1, Табоада 6
Седмерци: 10/8
Исклучувања: 4 минути
Во следното седмо коло, Еурофарм Пелистер на домашен терен го пречекува новиот суперлигаш Скопје 2020.