РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека со почетокот на групната фаза на ЕХФ Лига Европа (19 октомври) и враќањето на гледачите во спортската сала „Боро Чурлевски“, повторно ќе биде отворен прес-центарот во салата и прес-конференцијата по натпреварите ќе биде реализирана со физичко присуство на медиумските работници.
Прес-центарот, кој ќе биде лоциран во просторот на малата сала, ќе биде отворен два часа пред почетокот на натпреварите и официјално ќе биде затворен два часа по завршувањето. Во овој простор ќе биде овозможено медиумските работници нормално да ги извршуваат своите професионални обврски како и пред почетокот на пандемијата. Во прес-конференциската сала дозволено ќе биде присуство на медиумски работници, а за останатите прес-конференцијата ќе биде директно пренесувана на еден од профилите на клубот на социјалните мрежи.
Исто така ќе биде отворена микс-зоната по завршувањето на натпреварите.
Клубот редовно ќе ги споделува своите сервисни информации, фотографии и аудио и видео изјави од секојдневните активности, пред и по натпреварите.
Потврдените акредитации можете да ги подигнете на денот на натпреварот, со отворањето на прес-центарот или во клупските просторите секој ден од 09:00 до 16:00 часот.