Отворен е процесот за акредитирање на медиумите за натпреварот од првото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Ним (19 октомври). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Новинарите од печатените медиуми и порталите, и фотографите треба да ги испратат своите барања директно до клубот најдоцна до три работни дена пред почетокот на натпреварот. Печатените медиуми, новинари и фотографи своите барања за акредитации треба да ги испратат директно на клубот на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Дигитални медиуми, ТВ, Веб ТВ и радио мораат да аплицираат директно во ЕХФ за добивање на акредитација за следење на натпреварот. Барањата за акредитации треба да се испраќаат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Сите барања испратени на други адреси нема да се разгледуваат. Носителот на ТВ права за територијата на Македонија нема потреба од акредитирање до клубот.
Новинарите потребно е да ги поседуваат следните документи:
- сертификат/потврда за извршена вакцинација од корона вирусот, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест ковид-19 или
- сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
РК Еурофарм Пелистер дополнително ќе го објави протоколот на ковид-19 за организацијата на натпреварите во Лига Европа. Клубот го задржува правото заради ограничувањата да одбие дел од барањата. Сите присутни новинари и фотографи треба да ги почитуваат протоколите на организаторот на натпреварот (ЕХФ и Еурофарм Пелистер).