Ракомет – Суперлига (петто коло)
Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 24-30 (10-16)
Спортска сала: Р.Р. Ричко – Прилеп
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски
Гледачи: 500
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја забележаа четвртата победа во петтиот натпревар од Суперлигата, откако славеа и на гостувањето кај незгодниот состав на Прилеп со 24-30.
Битолчани водеа уште од стартот 3-6, но во продолжение прилепчани фатија приклучок и намалија на 9-10. Пред финишот на полувремето Ѓукиќ и браќата Атанасијевиќ, потпомогнати од Цветан Кузманоски, режираа серија од четири гола во низа, па битолчани обезбедија комотна предност на паузата (10-16). Во второто полувреме Прилеп константно бркаше негатива, ама ниеднаш не се закани сериозно дека може да ја поништи посакуваната победа на гостинот.
Прилеп:
Тренчевски 3, Дамчевски, Рустамов 1, Бикоски, Ангелески, Х. Павлов, Шокоски 1, Бурчески, Лозаноски, Чантурија 12, Милошески 3, С. Павлов 3, Христоски, Гавашевишвил 4, Ѕинѕадзе, Андоноски
Седмерци: 8/8
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Ристевски, Трајкоски, Ѓукиќ 5, Арсеновски 1, С. Талевски 1, Блажевски, В. Димитровски, Димитриоски 5, Пет. Атанасијевиќ 4, Митревски, Белистојановски 1, Андонов 1, Мирчевски, Пав. Атанасијевиќ 7, Петровиќ, Кузманоски 5
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 12 минути
Во следното шесто коло екипата на Александар Јовиќ го пречекува Тиквеш.