Денес беше извршена ждрепката за ЕХФ Европската лига, во која единствен македонски претставник е Еурофарм Пелистер. Екипата на Жељко Бабиќ се најде во групата Д, заедно со Татабања, АЕК Атина, Спортинг Лисабон, Ним и Кадетен Шафхаузен. Четири екипи од групата продолжуваат во осминафиналето.
Група А:
Бидасоа Ирун, Винтертур, Татран Прешов, Фуксе Берлин, Висла Плок, Тулуз
Група Б:
Нант, Чеховски Медведи, Кокс, Лемго, ГОГ Гудме, Бенфика
Група Ц:
Магдебург, Савехоф, Горење Велење, Натурхаус Ла Риоха, Екс Прованс, Нексе Нашице
Група Д:
Еурофарм Пелистер, Татабања, АЕК, Спортинг, Ним, Кадетен Шафхаузен
Почетокот на сезоната во Европската лига e закажан за 19 октомври, a во првото коло Еурофарм Пелистер го пречекува Ним.