Познати се квалитативните шешири пред ждрепката за групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Македонскиот претставник Еурофарм Пелистер се најде во вториот шешир, заедно со Савехоф, Винтертур и Чеховски Медведи и тоа се единствените екипи против кои не може да се сретне во групната фаза.
Шешир 1:
Магдебург (Германија), Нант (Франција), Бидасоа Ирун (Шпанија), Татабања (Унгарија)
Шешир 2:
Савехоф (Шведска), Еурофарм Пелистер (Македонија), Винтертур (Швајцарија), Чеховски медведи (Русија)
Шешир 3:
Горење (Словенија), АЕК Атина (Грција), Татран Прешов (Словачка), Кокс (Финска).
Шешир 4:
Фуксе Берлин (Германија), Екс Прованс (Франција), Лемго (Германија), Спортинг (Португалија)
Шешир 5:
Ним (Франција), Висла Плок (Полска), Нексе Нашице (Хрватска), Бенфика (Португалија)
Ждрепката за извлекувањето на групите е в четврток, а првото коло на 19 октомври 2021 година.