Ракомет – Суперлига (четврто коло)
Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 29-25 (15-11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа првиот пораз во Суперлигата по четиринаесет последователни победи. Попладнево во СЦ „Јане Сандански“, Еурофарм Пелистер загуби од Вардар 1961 со 29-25 (15-11). Кобни беа последните пет минути од двете полувремиња, во кои „црвено-црните“ ја направија разликата.
Битолчани одлично го отворија натпреварот и почесто беа во водство во првиот дел. Вардар го диктираше темпото во централниот дел од мечот, а иако Еурофарм Пелистер доби шанса да дојде на само минус еден на пет минути пред крајот, избрзаните реакции во нападот се покажаа како кобни за гостите на денешното дерби. од -1 во 57. минута пелистерци дозволија три гола на репрезентативецот Талески и победа на домаќинот од четири гола разлика.
Спортска сала „Јане Сандански“ - Скопје
Гледачи: 1.000
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Вардар 1961:
Ристовски, Томовски, Јагуриновски, Стоилов 1, О. Њокас 3, Моралес 5, Георгиевски 2, Карапалевски, Савревски, Тото, Гаџа 1, Талески 5, Дибиров 10, Ѓукиќ 1, Атанасовски, Мишевски 1
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Ојлески, Н. Маркоски 2, Маџовски 1, Мандалиниќ 5, Кушан 5, Радовиќ, Танкоски, Периќ 2, Костески 1, Кукоски, Велковски 1, Божиќ Павлетиќ 3, Обрадовиќ 1, Табоада 4
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 6 минути
Во следното петто коло од Суперлигата, Еурофарм Пелистер следниот викенд ја пречекува екипата на Радовиш.