Ракомет – Суперлига (четврто коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 29-22 (13-10)
Еурофарм 2 продолжува да игра одлично, атрактивно и да реди победи оваа сезона. После Металург и Бутел, момците на Јовиќ го победија Пролет со 29-22 (13-10). За битолчани ова е трета победа во низа.
Натпреварот започна изедначено, потоа домаќинот направи серија од 4-0 и поведе со 12-8. На пауза се замина со три гола предност за домашната екипа. Во вториот дел работите не се променија и гледавме слична инерција. Гостите дојдоа до 20-17. Меѓутоа до ново, веројатно клучно водство Еурофарм Пелистер 2 дојде на осум минути до крајот (24-19). До крајот се што направи Пролет успеа само да го ублажи поразот кој беше неминовен.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 600
Судии: Ѓорѓи Колевски и Сашо Кркачев (Скопје)
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Јовановски, Кузманоски 8, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Митревски 2, Мирчевски, Петровиќ 4, Андонов, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ 4, Белистојановски, Ѓукиќ 3, Блажевски 1, Арсеновски
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 8 минути
Пролет:
Петковски 1, Цветковски, Аларов 1, Манев, Пецаковски 5, Додевски, Ивановски, Димов 2, Андоновски, Џонов 3, Мајнов 1, Крстевски 1, Голубовиќ 3, Фичорски, Палевски 3, Пејовиќ 2
Седмереци: 10/7
Исклучувања: 4 минути
Победата на пелистерци добива повеќе на вредност, со оглед на тоа што е извојувана без Иван Димитровски, Емилијан Ѓорговски, Димитар Димитриески и Стефан Талевски.