Ракомет – Суперлига (трето коло)
Металург – Еурофарм Пелистер 2 28-29 (17-16)
Трет натпревар и втора победа за ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во рамките на новиот шампионат на Македонија во ракомет. Остварена е голема победа во Автокоманда против Металург со 28-29 и тоа со авторитетна игра и силен карактер, Иако во текот на сите шеесет минути имаше надигрување и неизвсност при што и двете екипи се менуваа во водство на крајот, сепак, гостите се тие кои си заминаа со победа. Дека победата над Бутел Скопје пред во четвртокот не беше случајна, пелистерци покажаа со авторитетно издание во вториот дел и златна победа во битката за место во разигрувањето.
Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје
Гледачи: 200
Судии: Глигор и Спаско Ќаеви (Скопје)
Металург:
Дупјачанец, Бардакоски, Брестовац, Улисес 3, Субашовски, Петров 4, Петковски 3, Хорват 6, Лазаревски 1, Озтурк 7, Митиќ, Каковски, В. Маркоски 2, Мане 2
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 8, Пав. Атанасијевиќ 2, В. Димитровски 1, Митревски, Мирчевски, Петровиќ 5, Андонов, Димитриоски 3, Талевски, Пет. Атанасијевиќ, Ѓоргоски 3, Ѓукиќ 5, Блажевски, Арсеновски 2
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 12 минути
Во следното четврто коло Еурофарм Пелистер 2 во Битола ја пречекува екипата на Пролет, која во првите три натпревари запиша исто толку победи.