По победите над Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш, издвојувани со силен отпор на ривалите, попладнево во првиот натпревар од тековното коло, во Битола падна Струга со 45-20 (22-11). Бабиќ ја подели минутажата на сите ракометари, а посебно значајна беше за Танкоски и Велковски, кои се вратија по повредите и за Табоада и Кукулоски, кои не играа премногу во официјалните натпревари досега.
Првите десетина минути беа израмнети, а потоа цврстата одбрана на домашната екипа донесе лесни голови на Табоада, Костески и Танкоски за високи +6 на половина од првиот дел. Следеше одличен период на Кукуловски, голови и на Кушан и на одмор се замина со високи 22-11.
Каде што започнаа помладите, искусните Периќ, Мандалиниќ и Божиќ Павлетиќ продолжија и предноста порасна до убедливи +25 на крајот на натпреварот. Одлични изданија имаа и двајцата голмани Секељи и Кизиќ.
Ракомет – Суперлига (трето коло)
Еурофарм Пелистер – Струга 45-20 (22-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески 4, Н. Маркоски 4, Кукуловски 1, Мандалиниќ 6, Кушан 5, Радовиќ 1, Танкоски 2, Периќ 1, Костески 5, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 8, Табоада 6
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути
Струга:
Матовиќ, П. Маркоски 1, Јанкоски 2, Крстаноски, Пајкоски 4, Блажески 2, Ѓорѓиевски, Јанкуловски 3, Ферукоски 1, Табаковски 1, Стрезоски, Дукоски 5, Кастратовиќ 1, Костоски
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути
Во следното коло Еурофарм Пелистер гостува кај екипата на Вардар 1961.