Еурофарм Пелистер дојде до втората победа во оваа сезона во Суперлигата. Екипата на Жељко Бабиќ како гостин со сигурни 24-30 го совлада тимот на ГРК Тиквеш, кој одигра сосема солиден натпревар против големиот фаворит. Отпорот на кавадарчани беше скршен на средина од вториот дел, кога вицешампионот направи серија 4-1 и побегна на недостижна предност.
Божиќ Павлетиќ постигна шест гола, еден помалку имаше Мандалиниќ, а на другата страна Јанчев, Трпковски, Симиќ и Темелкоски запишаа по четири погодоци.
ГРК Тиквеш - Еурофарм Пелистер 24-30 (14-15)
Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци
Гледачи: 500
Судии: Марко Трајковски и Александар Вукашиновски (Скопје)
ГРК Тиквеш:
Велков, Дрогришки 2, Кондев 2, Стојановски, Гичев, Соколов 1, Трпчевски 4, Темелкоски 4, Гошевски 1, Окардов 1, Симиќ 4, Трајковски 1, Јанчев 4
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Ивановски, Мараш 4, Ојлески 1, Маркоски 2, Маџовски 2, Кукуловски. Мандалиниќ 5, Кушан 2, Периќ 4, Костески, Кукоски, Велковски 1, Божиќ Павлетиќ 6, Граџан 1, Табоада 2
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 2 минути
В сабота од 16:00 часот Еурофарм Пелистер во Битола ја пречекува екипата на Струга.