Новата сезона во Суперлигата започна со очекувана победа на вицешампионот Еурофарм Пелистер, против екипата која минатата сезона ја заврши на седмото место, Еурофарм Пелистер 2. Градската пресметка на двата братски клуба им припадна на ракометарите на Жељко Бабиќ, кои скоро во цел натпревар имаа водство, најчесто со 3-4 гола.
Дуелот го отвори Мандалиниќ, а го затвори Обрадовиќ. Помеѓу периодот на доминација на Хрватот и Србинот, со многу убави потези аплаузи измамија младите ракометари на Еурофарм Пелистер 2. Натпреварот го следеа 500 гледачи, на првиот дуел со гледачи на трибините во Битола по февруари 2020 година.
Ракомет – Суперлига (прво коло)
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 29-24 (13-10)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи: 800
Судии: Методија и Михајло Илиевски (Битола)
Еурофарм Пелистер:
Кизиќ, Секељи, Мараш, Ојлески 2, Маркоски, Маџовски 2, Кукуловски 1, Мандалиниќ 5, Кушан 2, Периќ 3, Кукоски, Костески 2, Велковски 2, Божиќ Павлетиќ 5, Обрадовиќ 5, Табоада
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Јовановски, Кузманоски 3, Пет. Атанасијевиќ 3, В. Димитровски 2, Митревски 1, Петровиќ 4, Андонов, Димитриески 1, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски 3, Ѓукиќ 1, Блажевски 2, Арсеновски 2, Мирчевски 2
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 6 минути
Во следното второ коло, кое се игра в среда, Еурофарм Пелистер гостува во Кавадарци, а Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен ќе го пречека Бутел.