Владата апелираше до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, предвидени за овие три дена. По овој апел Ракометната федерација на Македонија го одложи комплетното прво коло од Суперлигата.
Натпреварот Еурофарм Пелистер - Еурофарм Пелистер 2 доби нов термин за одигрување. Натпреварот ќе се игра в недела попладне, како и останатите дуели од првото коло. Билетите од првично закажниот термин ќе важат и во недела.
Второто коло на Суперлигата ќе се игра в среда на 15 септември.