РК Еурофарм Пелистер 2 официјално ги претстави своите две последни засилувања. Нови членови на најмладиот суперлигаш се Емилијан Ѓоргоски и Димитар Димитриоски. 19-годишниот Ѓоргоски доаѓа од Голден Арт и се обрврза на договор на три сезони. Минатата сезона играше во Суперлигата за првпат во кариерата, а ја искуси и репрезентацијата.
„Овој предизвик го одбрав, бидејќи повторно сакав да играм во Суперлига, наместо да се вратам во Првата лига. Затоа и го напуштив Голден Арт КЛ7. Еурофарм Пелистер ми понуди добар договор и добри услови и спремен сум да дадам сè од себе да влеземе во разигрувањето.
Засега сум презадоволен од овој предизвик. Турнирот во Прилеп го одигравме максимално и спремни сме за Суперлигата. Се надевам дека ќе влеземе во плеј-офот“. вели стружанецот.
Стружанецот ќе дебитира за новиот клуб против Еурофарм Пелистер во првото коло од новата Суперлига (в четврток во 17:00 часот).