Регионалната ракометна СЕХА лига го објави идеалниот дел на регуларниот дел од сезоната во кој се најдоа вдвајца ракометари на Еурофарм Пелистер. Во традиционалниот избор на капитените на екипите учесници во СЕХА лигата, Невен Стјепановиќ од Еурофарм Пелистер е прогласен за најдобар десен бек, а неговиот соиграч Јосип Периќ за најдобар среден бек, и воедно за најкорисен играч.
Идеален на СЕХА:
Матеј Асанин (ППД Загреб)
Невен Стјепановиќ (Еурофарм Пелистер)
Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер) - МВП на сезоната
Оливер Рабак (Татран Прешов)
Вукашин Воркапиќ (Металопластика)
Влачаслав Бокан (Мотор Запорожје)
Тимур Дибиров (Вардар 1961)
Предводникот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ е тренер на регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата.