Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го освоија третото место на шестиот Меморијален турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Со две победи и еден пораз, екипата на Александар Јовиќ го заврши турнирот во Прилеп, играјќи три натпревари во 24 часа. Со оглед на тоа што недостигаа ракометари како Стоилевски, Иван Димитровски, Петар Атанасијевиќ и Буторац, стручниот штаб немаше доволно опции за ротација.
Групна фаза:
Еурофарм Пелистер 2 - Голден Арт 31-25
Еурофарм Пелистер 2 - Дубочица Лесковац 23-25
Натпревар за трето место:
Еурофарм Пелистер 2 - Прилеп 31-28
Екипата продолжи со секојдневни тренинзи, во очекување на стартот на Суперлигата и дуелот следниот четврток против Еурофарм Пелистер во првото коло.