Подготовките на екипата на Еурофарм Пелистер 2 засилено продолжуваат со одигрување на контролни натпревари. Младиот битолски тим им се врати на победите во подготвителниот дел за новата сезона.
Екипата на Александар Јовиќ со убедливи 36-26 го совладаа суперлигашкиот ривал Струга, во натпревар во кој шанса добија и кадетските репрезентативци кои претходно играа на ЕХФ шампионатот.
Младите пелистерци уште од самиот старт резултатски се одлепија и наметнаа стил на игра кој им создаде многу проблеми на стружани. На полувреме се замина со предност на битолчани од 17-11, а и покрај тоа што македонскиот стратег во вториот дел им дадеш шанса на сите ракометари, Еурофарм Пелистер 2 го зголемуваше водството и на крај застана на двоцифрена победа (36-26).
Следната недела тимот на Еурофарм Пелистер 2 ќе настапи на турнирот во Прилеп, каде е дел од втората група, заедно со Дубочица и Голден Арт.