Владата на денешната седница донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на ковид-19, според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50 % од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од ковид-19, со поседување сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, соопшти владината прес-служба.
РК Еурофарм Пелистер ја отвора можноста за продажба на билети за сите натпреварувања за сезоната 2021/22 - Суперлигата, Купот на Македонија, СЕХА Гаспром лигата и Лига Европа. Клубот дополнително ќе ги објави деталите за билетите, цените и продажбата.
Првиот домашен натпревар со присуство на публика треба да биде натпреварот од првото коло на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 на осми септември.