Еурофарм Пелистер загуби од Мешков Брест во СЕХА лигата со 27-31, во четвртфиналето од плеј-офот. Пелистерци одиграa бледо прво полувреме, кое Белорусите го добија со +4, па иако во вториот дел се подобрија, сепак немаа сили да направат нешто повеќе.
Капитенот Јосип Периќ смета дека црвените картони во првиот дел имаа клучна улога околу поразот,
„Игравме против врвен тим, но многу лошо отворивме и исклучени беа двајца наши многу важни ракометари за играта во одбрана и мислам дека тоа пресуди. Сигурно дека треба да се подигнеме, да извлечеме поука од овој натпревар и да бркаме четири гола за полуфинале во Белорусија“, смета Периќ.
Ова е само втор пораз на Еурофарм Пелистер на домашен терен по доаѓањето на Жељко Бабиќ, по оној од Магдебург во осминафиналето на Европската лига во сезоната 2020/21.