Еурофарм Пелистер во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата во Битола е поразен од екипата на Мешков Брест во Поразот од -4 или 27-31 не ветува премногу, но треба да се одигра и возвратниот дуел, на кој битолчани имаат свои опции.
На прес-конференцијата тренерот Жељко Бабиќ ја презеде одговорноста за поразот и лошиот настап.
„Честитки за екипата на Мешков Брест за победата. Ние бевме уморни и емоционално празни од случувањата во последните две недели. Но, тоа е моја одговорност. Преземам одговорност, и јас, и мојот стручен штаб и за физичкиот и за тактичкиот дел. Потфрливме вечерва, иако треба да се напомене дека игравме против одлична, искусна и физички моќна екипа. Имаме доволно време да се поправиме и во Белорусија да одиграме многу подобро. Убеден сум дека ќе излезе на терен друг Еурофарм Пелистер идниот викенд и ќе се претстави подостоинствено од вечерва“, рече Бабиќ.
Пелистерци утре имаат слободен ден, а од понеделник ќе започнат да го подготвуваат возвратниот дуел во Брест. Експедицијата за Белорусија патува в четврток, а натпреварот се игра в сабота попладне.