По освојувањето на Суперкупот на Македонија, Еурофарм Пелистер се наоѓа пред вториот предизвик ова лето. Во четвртфиналето на СЕХА Гаспром лигата битолчани ќе играат двомеч против Мешков Брест, а првиот од двата натпревари се игра в сабота во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Левото крило, Бојан Маџовски верува во соиграчите и покрај моќта на ривалот.
„Не го оспоруваме квалитетот на Мешков Брест, но ние се подготвуваме и веруваме во победа. Во целост сме задоволни од последните две недели, одигравме одлични натпревари. Иако последниот натпревар го загубивме, одигравме одлично. Полека почнуваме да се вклопуваме и амбиентот пред овој натпревар е одличен.
Иако имавме краток период да се спремиме по турнирот во Струга, мислам дека ќе бидеме подготвени. Не би издвојувал никого од Мешков Брест. Скубе е одличен играч, но имаат и одлични десни крила, добро се покриени на голманската позиција. Се работи навистина за одличен тим“.
Сите ракометари на Еурофарм Пелистер се вратија во тренажен процес, вклучувајќи ги и Кукоски, Танкоски, Велковски кои не играа во финалето на Струшкиот турнир.