Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ во својата богата и успешна кариера го водел и белорускиот првак Мешков Брес. Баш еговиот поранешен клуб и најчестиот учесник на завршниот турнир на СЕХА лигата стои на патот на пелистерци на „фајнал-фор“ турнирот во Задар.
Пред првиот четтвртфинален дуел, в сабота во Битола, Бабиќ искажа зборови на респект за својот поранешен клуб.
За противникот:
Мешков Брест е многу добар противник, кој минатата сезона беше четвртфиналист во Лигата на шампионите. Во последно време има голем европски раст, победува големи европски натпревари и во последно време веројатно е најсилниот противник кој дошол во Битола. Ни следи еден голем предизвик, голема радост за сите нас. Спремни сме и желни да се натпреваруваме и верувам дека можеме до добар резултат без обзир што се тим од Лигата на шампионите и имаат силен тим.
За подготовките и освоениот Суперкуп на Македонија:
Освоениот Суперкуп сигурно многу значи за самодовербата. Секако дека сите сме среќни, задоволни и горди. Сепак, познато е дека во спортот минатото не се брои. Нашата форма уште не е одлична, уште е припремен период, работите паралелно на физичка и тактичка припрема. Се виде на турнирот во Струга дека правиме многу технички грешки кои ние не ги правиме. Не сум загрижен, верувам во своите играчи, верувам во нашата работа и уверен сум дека ќе имаме многу добра сезона без разлика на исходот од натпреварот против Мешков Брест. Ни следи многу добра сезона и секако дека се надевам на уште некој трофеј.
Натпреварот Еурофарм Пелистер - Мешков Брест ќе го следат 500 гледачи, кои ќе добијат билет по онлајн продажба и мора да ги исполнат барањата за целосна вакцинација.