Тинекс Пролет - Еурофарм Пелистер 2 34-33 (17-17)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија со 34-33 во тест натпревар во Скопје против македонскиот претставник во Лига Европа и третопласирана екипа минатата сезона, Тинекс Пролет. Јовиќ настапи со комбиниран тим, без неколку стандардни првотимци, а за Тинекс Пролет поради ситни повреди не настапија Жарко Пејовиќ и Михаил Аларов.
Натпреварот целосно беше израмнет и победникот беше одлучен во последните моменти од натпреварот. По два натпревари против Еурофарм Пелистер, Металург и Прилеп, најмладиот суперлигаш се осврнува на следните контролни натпревари и учеството на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп.
На турнирот покрај домашната екипа ќе учествуваат уште Струга, Голден Арт, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2, како и српска Дубочица Лесковац. По една година пауза, натпреварите во чест на Нешкоски одново ќе се одиграат. Минатата година турнирот беше откажан поради пандемијата со коронавирусот.
Овогодишниот настан е закажан за периодот од 31 август до 2 септември.