Викендов заврши 49-от Струшки ракометен турнир, а по драматичен финиш и по продолженија, Еурофарм Пелистер загуби од Вардар 1961 со 35-33. Тимур Дибиро е прогласен за најдобар играч на годинешното издание на традиционалниот летен ракометен собир.
Наградата за најдобар голман отиде во рацете на унгарскиот чувар на мрежата на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељи, а најдобар стрелец на турнирот е Златко Мојсоски од Бутел.
Еурофарм Пелистер (претходно Еурофарм Работник) три години по ред игра во финалето на турнирот и двапати загуби и еднаш победи во натпреварот за трофеј.