Еурoфарм Пелистер од Битола е финалист на традионалниот ракометен турнир во Струга, по победата во второто коло во А групата, против екипата на Тиквеш со 31-21. На стартот кавадарчани го постигнаа првиот погодок, а потоа следуваше серија на пелистерци. Следуваа одбрани на Кизиќ и головите на Обрадовиќ, а на одмор се отиде со 20-9, па првиот финалист беше познат.
Во вториот дел предноста на тимот од Битола не престана да расте, а победникот беше познат.
Противник во неделното финале на отвореното игралиште во Струга на пелистерци ќе им биде Вардар 1961. Натпреварот се игра во вечерниот термин од 21:15 часот. За третото место на струшкиот турнир ќе играат Тиквеш и Бутел Скопје од 19.15 часот, а за петтото Металург и домаќинот Струга од 17.15 часот.