Македонската кадетска машка ракометна репрезентација со победата против Швајцарија од (34-33 по пенали) обезбеди финале на ЕХФ-шампионатот во Скопје и ќе се бори за трофејот и промоција во најквалитетната категорија на континентот под закрилата на Европската ракометна централа.
Натпреварот донесе драматична завршница, а по пенал рулетот среќен крај имаше за нашата рпрезентација. За македонскиот национален тим настапија и тројцата ракометари на Еурофарм Пелистер 2, Митревски и Петар и Павле Атанасијевиќ.
Јунак беше младиот голман Иван Галевски, автор на три одбранети седмерци, и капитенот Митев, кој го реализира одлучувачкиот удар од седум метри. Савревски со седум и Павле Атанасијевиќ и Ѓорѓовски со по пет гола беа најефикасни во македонската селекција, а Ридеркнехт со осум и Леополд со седум гола беа најдобри кај поразената Швајцарија.
За првото место во големото финале нашите кадети ќе се борат против Полска, која ја совладаа во групната фаза на турнирот.
Дуелот за освојување на шампионатот против Полска ќе се игра в недела е од 18:00 часот.