Maкедонските ракометари до 19 години во второто коло ја совладаа Полска со 30-25 и со овој триумф обезбеди пласман во полуфналето од ЕХФ шампионатот кој се игра во Скопје. Oваа победа носи второ место во групата и го брише поразот од третопласираната Грција.
На натпреварот против Полска за играч на натпреварот беше прогласен Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2, а покрај него од тимот на Еурофарм Пелистер 2 настапија и Митревски и Петар Атанасијевиќ.
Македонија - Полска 30-25 (16-15)
Македонија: Галевски, Ерманоски, Ташев, Па. Атанасијевиќ 3, Митев 7, Иваноски 1, Омерагиќ 3, Митревски, Стојчевиќ 2, Петковски 4, Ѓоргоски 1, Пе. Атанасијевиќ 4, Манчевски 2, Стојковиќ 1, Илиески 2, Савревски
Македонија - Грција 26-30 (11-16)
Македонија:
Галевски, Ерманоски, Ташев, Павле Атанасијевиќ, Петар Атанасијевиќ 1, Митев 4, Ивановски 2, Омерагиќ 1, Митревски 3, Димовски 1, Стојчевиќ, Ѓорговски 5, Стојковиќ 2, Илиески 5, Савревски 2
Во полуфиналето нашата репрезентација ќе се сретне против подобриот од дуелот Швајцарија – БиХ.